Категории

Меган Маркл и принцот Хари го очекуваат своето прво дете

Ако мислите дека свадба од бајките беше доволно голем настан за принцот Хари и Меган Маркл оваа година, грешите. Сега, по неколкумесечни шпекулации за потенцијална бременост, младиот брачен пар објави дека го очекуваат своето прво дете.

Кенсингтонската палата издаде соопштение во кое ја објави среќната вест, каде што двојката им се заблагодари на луѓето од целиот свет за нивната поддршка, уште од првиот момент кога ја обелоденија својата врска за јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kensington Palace (@kensingtonroyal) on

На официјалниот профил на Кенсингтонската Палата, беше објавена фотографија на Хари и Меган, заедно со напис кој гласи: „Нивното Кралско височество Војводата и Војвотката од Сасекс со задоволство објавуваат дека Војвотката од Сасекс очекува бебе во пролетта 2019 година.“

„Тие ја ценат целата поддршка што ја добија од луѓето ширум светот за нивната венчавка во мај оваа година и се воодушевени што можат да ја споделат оваа среќна вест со јавноста.“

Прегледи:
452
Објавено на:
15.10.2018