Модната комбинација за која сите зборуваат
Пред официјално да се откажат од своите кралски должности, Принцот Хари и војвотката Меган Маркл присуствуваа во Канада Хаус во Лондон на изложбата на канадскиот уметник како благодарност до Канаѓаните за нивното гостопримство.
Војвотката носеше модна комбинација во земјени тонови од Massimo Dutti. Моментално најпопуларниот тренд – сатенското здолниште во кафеава нијанса го искомбинира со минималистичка ролка, бежово палто и кафеави салонки со потписот на Jimmy Choo.
Целокупниот изглед го заокружи со минимален мејкап и нејзината препознатлива фризура, благи лелеави бранови.