Категории

МекДоналдс создаде Нутела Бургер!

Уште една причина за радост на обожавателите на Нутела, и уште еден потсетник колку сме тапа што немаме ни МекДоналдс.

Италијанскиот МекДоналдс го претстави новиот Нутела Бургер, оригинално наречен “Sweety con Nutella”. Не се плашете, не е класичен хамбургер и не содржи плескавица – Нутела Бургерот се состои од многу сочна Нутела која се топи во уста ставена меѓу две лепчиња!

Сега за сега е достапен само во Мек-кафулињата во Италија, но со оглед на тоа дека целиот свет инстантно полуде од радост, сигурни сме дека ќе се прошири во менијата на МекДоналдс насекаде низ светот.

Изгледа превкусно! :)

Прегледи:
401
Објавено на:
14.11.2016