Категории

Меланија Трамп воодушеви во смарагден стајлинг при посетата на детска болница

Дефинитивно Меланија Трамп на многумина ќе им недостига со своите беспрекорни модни стајлинзи кога наскоро ќе ја напушти функцијата на прва дама на САД.

Сопругата на претседателот во заминување – Доналд Трамп, е без сомнение една од најдобро облечените дами на денешницата. За време на посетата на Националната детска болница во Вашингтон, како што налага традицијата, таа им читаше божиќна приказна на малите пациенти.

Како и секогаш таа е доста внимателна при изборот на соодветен стајлинг, па така и овој пат таа избра парчиња инспирирани од празничниот дух.
Меланија се определи за смарагден капут со миди должина. Се работи за парче од антилоп под кое носеше класичен црн фустан. Целокупнито стајлинг го заокружи со класични салонки во слична петролеј нијанса од змиска кожа.