Категории

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП (ДЕКЕМВРИ, 2017)

Лав

Лав

Кариера и пари:

Ќе функционирате како спортист кој со леснотија ги одработува тренинзите. Многумина на работното место ќе откриваат нови вештини и детали на професијата. Тоа ќе биде уште една фаза на учење и напредување. Сепак добивате. Обидете се што помалку да ги трошитe паритe на непотребни работи.

Здравје:

Ве очекуваат денови со добро расположение и полна енергија.

Љубов:

Ослободете се од преголемите љубовни очекувања, сега е подобро да се биде реален. Одолејте им на искушенијата и надмудрувањата. Бидете потолерантни и духовити колку што можете. Ако партнерот ве испровоцира, воздржете се, ќе помине.

Совет: Размислете двапати пред да кажете нешто.

Девица

Девица

Кариера и пари:

Клучот на успехот во работата овие денови се наоѓа во соработката и прифаќањето на по некој компромис. Немојте да терате по свое затоа што сега главниот збор го водат други. Бидете отворени и кооперативни, па сè ќе тргне во добра насока.

Здравје:

Ќе ви бидат осетливи синусите. Задолжително посетете лекар.

Љубов:

Ќе ја комбинирате дискрецијата и лумпувањето. Така еден ден ќе живеете како кротка личност врзана за својот дом, додека веќе следниот ден ќе бидете главна ѕвезда на ноќта на некоја интересна забава. Сите добро ќе се забавувате. Оние што се во врска се добро.

Совт: Бидете што е можно пољубезни.

Вага

Вага

Кариера и пари:

Бидете умерени кога парите се во прашање. Не е време за зголемување на трошоците. Присутен е замор на работа, но и задоволство од постигнатото. Не се плашете. Нема да ја изгубите истрајноста и волјата кога е во прашање работата.

Здравје:

Внимавајте на нозете. Не ги сфаќајте лесно проблемите со грлото во текот на овој месец.

Љубов:

Елоквенцијата и отвореноста ќе бидат ваши адути за заведување на спротивниот пол. Понекогаш ќе бидете недопирливи. Сепак предајте му се на оној кој го сакате, за потоа да не зажалите. Љубовта е можеби далеку, но вие сте тука.

Совет: Флертувајте почесто.

Скорпија

Скорпија

Кариера и пари:

Вашиот деловен интерес полека се насочува кон вложувања. Она што сте го постигнале, тука е, но сега на дневен ред доаѓаат некои неиспитани или скриени работи. Некои ќе се обидат да ги достигнат своите сни на сосема оригинален начин.

Здравје: Потребно е да се ослободите од непотребниот умствен товар. Не заборавајте и по работните обврски да намалите со јадењето и повеќе да се движите.

Љубов:

Пред вас се денови кога ќе имате многу прилики за зацврстување на врската. На сите ќе ви се зголеми љубовната самодоверба, а ако сте сè уште сами, ќе настапувате посигурно кон личностите од спротивниот пол. Резултатите нема да изостанат.

Совет:Она што можете да го направите денес, не оставајте го за утре.

1 2 3

Прегледи:
1077
Објавено на:
01.12.2017