Стрелец
Kaриера и пари: Првите две недели од овој месец ќе ви бидат активни на професионално поле, благодарение на Сонцето, кое ќе биде лоцирано во стрелец во куќата на работата. Планетата Меркура исто така добро ќе се покаже. Ќе биде во многу јака позиција, што ветува успех. Од финансиски аспект, месецов ќе поминете добро, доколку паметно ги трошите парите.
Здравје: Внесувајте повеќе витамини, бидејќи така ќе ви се подобри имунитетот. Исто така, секое слободно време користете го за рекреација, која ќе ви даде дополнителна енергија.
Љубов: Планетата Венера ќе премине во куќата на љубовта и еротиката, што значи дека мај ќе биде многу сензуален месец и полн со атрактивни понуди. Венера е водач на љубовта, задоволствата и среќата. Исто така, ќе ви помогне да ја подобрите комникацијата со партнерот. За оние кои не се во врска, овој месец ќе им донесе многу сплет на околности и пресврти. Очекувајте го неочекуваното!
Совет: Обновете ги пријателствата со старите пријатели.
Јарец
Кариера и пари: Ве очекува период исполнет со многу работни обврски и многу нови проекти, па затоа за вас би било добро да работите со полна пареа. Ова ќе биде еден турбулентен месец, во кој покрај обврските ќе преовладуваат и конфликтите со претпоставените.
Здравје: Ќе бидете во прилично добра форма, што значи дека ќе имате многу енергија. Втората недела од мај може да ви донесе некои медицински решенија, во случај да ви требаат. Одете редовно на рутински прегледи.
Љубов: Овој месец ќе бидете многу емотивни и ќе сакате врска која нуди стабилност. Можеби треба да поразговарате со вашиот партнер за да живеете заедно, бидејќи така ќе се чувствувате поисполнето.
Совет: Релаксирајте се со спорт и други рекреативни работи.
Водолија
Kaриера и пари: Овој месец ќе имате нови, креативни и генијални планови во врска со некои нови проекти. Вашата кариера ќе оди во нагорна линија, што значи дека и финансиски ќе немате скоро никаков проблем. Исто така, добро би било да ги искористите талентите кои ги поседувате и да ги покажете на другите луѓе.
Здравје: Во главно, овој месец ќе бидете во добра форма, но не претерувајте со вежбањето. Понекогаш, помалку е повеќе. Во последната недела од мај, можно е да чувстувате тегоби во стомакот.
Љубов: Првата недела од мај ќе биде прилично мирна. На 7ми мај, Меркур ќе влезе во куќата на љубовта и романсата и ситуацијата ќе се подобри. Ќе добиете неколку понуди од личности од спротивниот пол, па зошто да не ги прифатите? Експериментирајте!
Совет: Време е за чистење на вашиот дом!
Риби
Kaриера и пари: Она што е пред вас, е прилично активен период, исполнет со состаноци и патувања. Првата недела од мај ќе биде поволна за пишување, калкулирање, преговарање и држење говори. Ова е исто така добар месец за инвестирање во недвижнини.
Здравје: Бидете внимателни во врска со сезонските настинки, посебно во првиот дел од месецот. Негрижата, како и нехигиената исто така можат да ви донесат проблеми со здравјето.
Љубов: Ова ќе биде еден посебно стабилен месец, во кој ќе ја сакате удобноста и сигурноста. Доколку сте во ситуација да бирате партнер, овој месец ќе имате можност да го направите вистинскиот избор. Доколку сте во врска, добро би ви дошло едно патување со партнерот, кое ќе ве одалечи од секојдневните проблеми.
Совет: Внимателно трошете ги парите.