Кариера и пари:
Месецов ќе ви започне скромно што се однесува на кариерата. Ќе сакате повеќе да бидете изолирани, а и мотивацијата за работа ќе ви недостига. Веќе во вториот дел од месецот ќе забележите значителен успех. Во последните денови од ноември ве очекуваат пријатни изненадувања од финансиски аспект.
Здравје:
Препорачливо е повеќе да се одморате. Ќе ви недостига енергијата која ја имавте во претходните месеци. Хранете се здраво и внесувајте повеќе витамини. Избегнувајте ги цигарите и алкохолот. Доколку имате некакви здравствени проблеми, погрижете се за нивното лекување, во спротивно може состојбата да ви се влоши.
Љубов:
Во почетокот на месецот, поради лошиот распоред на планетите во вашиот знак, може да се почувствувате осамено и депресивно. Веќе после првата недела состојбата значително ќе се подобри, а вашиот партнер ќе ве опсипува со внимание. Доколку не сте во врска, жешките авантури не последна опција на листата. Тие мора да ви бидат прв избор!
Совет: Вежбајте почесто.
Кариера и пари:
Ова е месец кој ќе ви се допадне од професионална перспектива. Најчесто, месецов ќе бидете зафатени и ќе работите со полна пареа, но на крај парите ќе дојдат до вас, па ќе го имате задоволството да уживате после вложениот напор и труд. Во последната недела од ноември ќе можете најдобро да се организирате и да ги избалансирате обврските.
Здрвје:
Овој месец ќе имате повеќе сила и ќе се чувствувате енергично. Но, сепак, бидете внимателни, бидејќи можни се и сезонски настинки. Состојбата ќе се подобри во вториот дел од месецот.
Љубов:
Ве очекуваат интересни, но сепак не толку романтични моменти овој месец. Врската со партнерот може да ви биде пријатна и удобна. За оние кои не се во врска, ќе имаат можност да одат на многу забави и ќе имаат можност да запознаат некоја нова личност со која ќе започнат љубовна романса.
Совет: Забавувајте се што е можно повеќе!
Кариера и пари:
Овој месец ќе имате можност да присуствувате на неколку важни социјални настани кои ќе влијаат на подобрувањето на вашата кариера. Но, сепак, не сите ќе бидат среќни за вашите успеси. Некој ќе зборува за вас позади вашиот грб, но потрудете се да ги занемарите тие коментари. Што се однесува до парите, планетата Јупитер ќе се погрижи да имате сѐ што ви е потребно.
Здравје:
Во првите две недели од ноември ќе бидете во добра форма и ќе се чувствувате енергично, но морате да внимавате на стресот. Во последната недела од мај вашата енергија ќе се намали, па потрудете се да најдете начин да ја вратите изгубената енергија.
Љубов:
На љубовно поле, ситуацијата ќе биде стабилна. Но, можеби ќе поминете низ моменти во кои вие и вашиот партнер ќе имате различни размислувања. Од друга страна, ќе имате и многу моменти во кои ќе ја искажувате вашата страст. Оние кои се сингл, можеби нема да влезат во врска месецов, но затоа ги очекуваат многу љубовни авантури.
Совет: Фокусирајте се на сегашноста.
Кариера и пари:
Овој месец ќе имате големи амбиции и ќе чувствувате потреба за успех. Финансиски, мај е доста оптимистичен. Планетата Меркур ќе биде во одлична позиција, па шансите за добра заработка ќе ви бидат загарантирани. Ќе бидете посебно успешни во тимската работа.
Здравје: Ноември може да ви донесе мали проблеми со здравјето, затоа внимавајте на вашата исхрана и пијте повеќе течности. Не вложувајте премногу напор и избегнувајте ги работите кои ви предизвикуваат стрес.
Љубов: Оние коие се во врска може да почувствуваат дистанцирање од партнерот, но тоа ќе трае само краток период од месецот. Од друга страна, оние кои не се во врска ги очекуваат многу пријатни изненадувања, па кој знае, можеби и неочекувано ќе влезат во врска.
Совет: Бидете внимателни додека патувате.