Категории

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП (СЕПТЕМВРИ, 2018)

ОвенОвен

Кариера и пари:

Овој месец ќе забележите голем успех на професионално поле, посебно доколку водите приватен бизнис.
Ова ќе биде одличен период за градење на нови партнерства и потпишување на договори. Финансиски, првиот дел од септември ќе биде тензичен, а веќе во вториот дел тензијата ќе се намали и кон крајот на месецот сите грижи околу парите ќе ви исчезнат.

Здравје:

Потребно е повеќе да се грижите околу личната хигиена и вашиот животен стил. Доколку ви е потребен некој козметички третман, овој месец ви ветува задоволителни резултати.

Љубов:

Венера, планетата на љубовта, ќе биде позиционирана во вашата шеста куќа и ќе го зацврсти односот со вашиот партнер. За оние кои не се во врска, можно е да се појави некоја љубовна романса на работното место.

Совет: Бидете повеќе активирани на љубовно поле

 

Бик

Бик

Кариера и пари:

Ова е месецот во кој ќе можете да ја покажете вашата креативност, како и вештините и талентите кои ги поседувате. Овој месец многу е веројатно дека ќе купите недвижнини или пак ќе инвестирате во нешто важно. Финансиски, нема потреба за грижи.

Здравје:

Препорачливо е да се запишете на некој фитнес танц, како што е зумбата, со цел да го покачите нивото на вашата енергија. Потребен ви е повеќе сон.

Љубов:

Септември ќе биде одличен љубовен месец: Вашата куќа на страст ќе биде погодена од жешките зраци на сонцето и заводливоста на Венера. Доколку не сте во врска, овој месец поважна ќе ви биде авантурата и новите познанства отколку да имате нешто сериозно. Доколку сте во врска, септември е одличен месец за понуда за брак.

Совет: Некои работи едноставно треба да бидат премолчени.

 

Близнаци

Близнаци

Кариера и пари:

Овој месец ќе бидете повеќе настроени кон вашиот приватен живот и семејството, отколку на вашите професионални успеси и амбиции. Исто така, ќе бидете во одлична можност да го промовирате својот бизнис на пазарот.

Здравје:

Овој месец ќе имате голема физичка енергија и добро ќе биде да ја искористите во некои физички активности како што се трчањето, возењето велосипет, пливањето итн. Внимавајте на настинките кон крајот на септември.

Љубов:

Меркур, вашиот водич, ќе биде во вашата куќа на љубовта, а со тоа ќе започне вашиот сентиментачен период. Во воздухот ќе се чувствува поголем романтичен ентузијазам и еротика. На 14-ти септември, Марс ќе премине во вашата куќа на врски, што значи дека романтичност и сексуалниот порив ќе се зголеми уште повеќе.

Совет: Градете нови пријателства и партнерства.

 

Рак

Рак

Кариера и пари:

На професионално поле, прцвиот дел од септември ќе ви биде креатвен, релаксирачки и може да ви донесе нови успеси. Додека пак, вториот месец може да ви биде активен и зафатен, обврските ќе ви се натрупуваат една по друга. Ќе имате можност за многу деловни патувања, но и за состаноци. Финансиски, ѕвездите ќе бидат на ваша страна.

Здравје:

Во текот на целиот месец ќе чувствувате прилив на енергија, а тоа е добро за вашето расположение. Ви се препорачува повеќе вежбање и трчање, со цел да ги избегнете здравствените проблеми.

Љубов:

Сѐ се сведува на комуникацијата. Комуникацијата помеѓу вас и вашиот партнер ќе биде на одлично ниво, ќе разменувате сѐ повеќе мислењеа, ќе споделувате идеи. Оние кои не се во врска, периодов ќе имаат многу понуди за романтични состаноци. Иако првиот дел од месецот ќе биде постраствен од вториот, во глобала ова ќе биде месец на еротика и сензуалност. Па, можеби токму овој месец ќе ја запознаете вашата сродна душа.

Совет: Навикнете се да јадете поздрава храна.

 

1 2 3

Прегледи:
1467
Објавено на:
31.08.2018