Категории

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП (СЕПТЕМВРИ, 2018)

Лав

Лав

Кариера и пари:

Септемви ќе биде доста просперитетен месец за вас. Можно е да бидете во потрага по нови извори на приход, покачување на платата, бонус итн. Втортиот дел од месецот ќе ви донесе екстра ентузијазам и нови почетоци. Доколку имате некои нови финансиски планови, пожелно е овој месец да ги реализирате.

Здравје:

Со Јупитер во вашиот знак, нема да почувствувате недостиг на енергија и оптимизам. Не грижете се за настинки и алергии, овој месец нема да ги има.

Љубов:

Во првиот дел од септември, нема да имате голема желба за романтика. Додека пак, втортио дел ќе биде многу пострасвен: Марс ќе биде во вашата куќа на љубовта, што значи дека ќе бидете доста расположени за акција.

Совет: Не трошете ги парите на некорисни работи.

 

Девица

Девица

Kaриера и пари:

Овој месец сѐ ќе ви оди полесно. Вашиот шарм ќе ви помогне да воспоставите конекции со важни луѓе. Овој месец исто така ќе ви биде поволен за соработка со повеќе партнери. Ќе имате големи амбиции, а од вашата популарност ќе имате бенефиции.
Здравје:

Ќе бидете во одлична форма! Сонцето, кое ќе поминува низ вашиот знак, ќе ви донесе енергија, додека пак Венера ќе ви донесе оптимизам, радост и хумор. Тензијата и нервозите кои ги чувствувавте во август, овој месец ќе исчезнат.

Љубов:

Венера, планетата на љубовта, ќе биде лоцирана точно во вашот знак скоро цел септември, а тоа значи дека можете да очекувате еден идиличен период исполнет со љубов и страст. Венера ќе ги поттикне вашите романтични тенденции и желбата за заведување. Вашиот шарм, кој месецов ќе биде ваш најголем адут, ќе ви помогне да бидете во центарот на вниманието повеќе од кога било.

Совет: Избегнувајте стресни ситуации.

 

Вага

Вага

Кариера и пари:

Септември ќе биде многу поволен месец за вашите интелектуални способности како учењето, читањето, пишувањето, истражувањето и сл. Вашиот професионален успех најмногу ќе се забележи во последната недела од септември. Финансикски, вашата состојба ќе биде добра.

Здравје:

Она за што треба да се грижите овој месец, е вашиот имунитет. Потребно е многу да се штитите, посебно во првите две недели од септември, бидејќи тогаш е поголем ризикот од настинки. Доколку имате повеќе слободно време, пожелно е да псе посветите малку повеќе на рекреацијата.
Љубов:

Со преминувањето на Венера во вашата 12-та куќа, вашите чувства ќе бидат помалку забележливи.Но, не грижете се, обично по ваков период, доаѓа некое ново љубовно освежување. Во вториот дел од овој месец, очекувајте подобрување на вашиот љубовен живот и дури и некакви промени.

Совет: 

 

Шкорпија

Шкорпија

Кариера и пари:

Септември е еден од месеците во кои ќе вреди секој ваш вложен напор, и ќе ви донесе многу нови успеси. Колегите на работа ќе ви доделуваат комплименти за постигнатото, а вас тоа ќе ви донесе добро расположение и насмевка на лицето. Во последната недела од месецот ќе имате можност да започнете со нов проект, кој секако ќе ви донесе пари.

Здравје:

 Во последните две недели од април ќе се чувствувате како енергијата да ви опаднала, па затоа ќе ви треба повеќе одмор. Одете на часови по пилатес или аеробик.

Љубов:

Сензуалност ќе биде она што ќе ви го одбележи месецот. Желбата за секс за една вечер, или за авантура, ќе имате можност да си ја остварите токму овој месец. Но, внимавајте, пазете со кој ќе бидете, бидејќи може да ви се случат несакани последици.

Совет: Учествувајте во што повеќе собири со пријателите.

 

1 2 3

Прегледи:
1470
Објавено на:
31.08.2018