Стрелец
Кариера и пари:
Со Сонцето во вашиот знак,ова ќе биде еден доста успешен месец. Влијанието на Сонцето ќе ви помогне да се истакнете и да сјаете на работното место. Ќе имате повеќе автономија и моќ да ги покажете вашите квалитети како лидер. Венера, исто така ќе биде во вашата куќа на кариера, а тоа ќе ви помогне да воспоставите контакт во важни личности.
Здравје:
Овој месец ќе бидете доста активни и полни со оптимизам. На почетокот на втората недела од септемви, Марс ќе премине во вашиот знак, а тоа уште повеќе ќе ја зголеми вашата енергија. Ќе ви треба многу акција за да ја потрошите енергијата, во спротивно можете да се најдете во конфликти и несреќи.
Љубов:
Венера, планетата на љубовта, ќе премине во вашиот знак, а со тоа вашиот љубовен живот ќе стане поамбициозен. Доколку сте во врска, овој месец е одличен за зближување со вашиот партнер. Доколку сте сингл, уште на почетокот на септември ќе забележите можност за љубовна ромасна. На некои од вас ќе им се родат чувства за некој пријател.
Совет: Следете ги вашите соништа и амбиции!
Јарец
Кариера и пари:
Вашите таленти ќе придонесат да бидете унапредени на работа, а сите ќе ви завидуваат за постигнатиот успех. Сега за сега, работата ви оди толку добро што нема потреба од каков било стрес. Од финансиска гледана точка, септември ќе ви донесе светла перспектива, особено за заработка од вложување во инвестиции.
Здравје:
Вашето здравје значително ќе се подобри во однос на минатиот месец. Ќе имате повеќе енергија и елан, а нервозата секојдневно ќе се намалува. Заштитете се себеси од стрес, бидејќи стресот може да резултира со инциденти.
Љубов:
Ќе бидете загрижени за врската или за партнерот, а тоа може да ве направи малку љубоморни. Наместо да бидете љубоморни, истражувајте што најмногу сака партнерот и приредете му изненадување. За оние кои не се во врска, можеби ќе имаат неколку шанси кои за жал ќе ги испуштат, но затоа ќе имаат повеќе среќа во наредниот месец.
Совет: Зборувајте го она што другите сакаат да го слушнат.
Водолија
Кариера и пари:
Овој месец не е вистинско време за самостојни проекти, па затоа фокусирајте се на тимската работа. Сѐ е полесно кога се наоѓате во друштво на неколку луѓе. Што повеќе лиѓе се вклучени во проектот, тоа подобро. Бидете внимателни, септември може да ви донесе и финансиски ризици исто така. Размислете двапата кога донесувате некоја одлука која вклучува пари.
Здравје:
Во некои периоди од месецот ќе бидете загрижени скоро за сѐ. Потрудете се да не сфаќате сѐ здраво за готово. Редовно одете на рутински преглед кај заболекар.
Љубов:
Насмевнете се, ова е вашиот месец на љубовта. Едноставно вашите очи ќе гледаат сѐ во боите на љубовта и романтиката. Шармот кој го поседувате ќе биде забележан од страна на една личност, која понатаму може да ви стане важен лик во вашиот живот. А оние кои се во врска ги очекуваат долги, романтични вечери со партнерот.
Совет: Зборувајте со блиски луѓе во врска со вашите проблеми.
Риби
Кариера и пари:
Можете да здивнете, ова ќе биде месец на успеси и финансиски профит. Доколку сте имале заостанати долгови од минатите месеци, сега ќе имате можност да си ги исплатите. Ако сѐ уште имате неоткриени таленти, тогаш би било добро да ги покажете овој месец, бидејќи ќе ви донесат добра заработка.
Здравје:
Здравјето секогаш треба да биде вашиот приоритет, без разлика колку сте зафатени. Стресот кој ќе го чувствувате може да влијае на вашето здравје, па затоа би било добро да почнете да вежбате јога, која ќе ви го донесе вашиот внатрешен мир.
Љубов:
Веќе се чувствува напнатоста во воздухот. Доколку не сакате да бидете веќе со вашиот партнер, едноставно кажете му го тоа. Не измачувајте се пронаоѓајќи ги вашите грешки, единствена грешка ќе ви биде доколку останете во врска која порано или подоцна ќе пропадне. Фокусирајте се на нешто ново, кое од ново ќе ви ги побуди вашите страсти.
Совет: Правете го она што мислите дека е најдобро за вашата внатрешна хармонија!