Категории

Фото: Меси го купи најскапото Ферари во Европа

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси најверојатно го има во своја сопственост најскапо продадено Ferrari во Европа.

Информацијата доаѓа од Александра Прото која го даде своето Ferrari 335 S Spider Scaglietti од 1957 година на аукција во Париз. 

Колата беше купена од анонимен купувач, но според Прото Ferrari-то ќе отиде во гаражата на Меси. 

Поранешниот сопственик исто така тврди дека Кристијано Роналдо исто така имал интерес за колата, но Меси дал подобра понуда Новата „играчка“ на Меси е произведена во 1957 година, а следната година Стирлинг Мос заработува со него Гран При на Куба. 

Наддавањето за речиси 60-годишен автомобил започнува од 20 милиони евра и завршува на 32 милиони евра, што го прави автомобилот најскапо продаден на аукција во Европа.

До овој момент рекордот за автомобил, продадена на аукција во Европа, беше 19,6 милиони фунти. (еднакво на 29,7 милиони долари).

Тој беше поставен во 2013 година од Mercedes-Benz W196 од 1954 година за време на аукција во Англија. 

Светскиот рекорд за автомобил продаден на аукција, е 38,1 милиони долари за Ferrari GTO што беше купено во САД во август 2014 година. 

f2

f3

f5

f7

Прегледи:
543
Категории:
Технологија
Објавено на:
09.02.2016