Категории

Миди здолниште – универзално парче за сите сезони

24187428444_1cf0407a44_o

Миди здолништето го завзеде светлото помеѓу трендовите вo ’40-тите години кога модната куќа Dior ја лансира првата колекција здолништа со должина скоро до глуждовите. Во почетокот тие добија остри критики но наскоро ова парче облека стана безвременски тренд. Филмските диви како Софиа Лорен и Мерлин Монро ги промовораа миди здолништата во ’50-тите и ’60-тите години што беше главната причина поради која овој модел го достигна својот успех во модниот свет.
Постојат неколку должини на ова здолниште но најпопуларна е онаа под колена. Убавината во тоа е што можат да ја носат сите дами без разлика на висината и тежината. Било да се еднобојни или со принтови ова е еден од ретките парчиња облека кое може да се носи во сите сезони.

Прегледи:
643
Објавено на:
23.11.2016