Категории

Миди здолниште – Задолжително модно парче оваа есен

Оваа есен на попусот се наоѓаат миди здолништата кои се неизбежно класично модно парче. Еве кои модели ќе бидат најголем тренд.

Полека се приближуваме кон новата сезона чиј почеток донесува голема трансформација на гардеробата. И додека последните летни денови ги користиме за уште еднаш за последно да ги облечеме летните модни фаворити за оваа година, првите есенски колекции на омилените модни брендови не поттикнаа да размислуваме за гардеробата во новата сезона.

И оваа есен, на пописот се наоѓаат миди здолништата како вечна модна класика која донесува доза елеганција во секоја гардероба а причина плус зошто ги обожаваме е тоа што можат да се комбинираат речиси со се.

Еве кои модели на миди здолништа ќе бидат најголем тренд оваа есен.

Прегледи:
527
Објавено на:
30.08.2020