Прекрасната Мила Јовович изненади со необична фотосесија за тајванскиот Vogue во кој позира во ретро издание кое потсетува на она од ’70-тите. Популарната актерка и модел покажа дека изгледа прекрасно и на свои 42 години за насловната страна на престижното списание. Таа сними и мини едиторијал во склоп на списанието со нова фризура во стил на легенратните Битлси. Парчињата кои ги носи се дел од најновите колекции за пролет/лето на Louis Vuitton, Balenciaga и Marc Jacobs.