Во сорaботка со брендот Mother Denim, моделот создаде колекција од 12 парчиња облека.
Миранда е веќе позната како „кралица на тексасот“, поради тоа што фармерките и парчињата тексас се неизбежен дел од нејзината гардероба, а и никој подобро од неа не умее да ги носи сите модели и дизајни на фармерки, па беше многу логично тоа што беше само прашање на време кога ќе ја видиме во улога на дизајнер. Во новата колекција се наоѓаат траперки, класични модели, здолништа со висок струк и А-крој како и маици со забавни слогани.
Оваа кежуал и супер носива колекција е осмислена со цел паричните сретства од продажбата на парчињата да бидат донирани во здружението The Royal Women’s Hospital Foundation, каде донациите ќе бидат доделени на преку 10,000 мајки и 600 новороденчиња.