Категории

Миранда Кер се омажи во венчаница инспирирана од Грејс Кели

Пред два месеца моделот Миранда Кер и основачот на Snapchat Еван Спигел се заколнаа на вечна љубов, а модната библија ги сподели ексклузивните фотографии од венчавката.

Невестинскиот фустан на Миранда изгледаше како од бајките а инспирацијата беше од венчаницата на Грејс Кели, изработен од модната куќа Dior и магичните дланки на мреативната дизајнерка Марија Грасија Чиури.

“Не беше воопшто тешко да се соработува со Миранда, таа сакаше нешто налик од бајките па тоа ме инспирира да создадам фустан кој е истовремено емоционален и едноставен” изјави дизајнерката.

“Фустан кој целосно прекрива создава чувство на чистина и мистерија. Јас секогаш се забавував со модата, бев повеќе боемка, дива и слободна. Но во овој период од мојот живот сум многу повеќе повлечена и воздржана. Моите најголеми извори на инспирација отсекогаш биле Грејс, Одри Хепберн, и мојата баба која со своите 80 години сеуште е толку шик, со бела блуза, марама и мали потпетици.” – изјави Миранда.

Прегледи:
328
Објавено на:
17.07.2017