Категории

Мирот е скапоцен и зависи само од вас – Немојте да си го скратувате

Мирот во животот не доаѓа од поседувањето на сите нешта кои ги посакувате, нити имањето потполна контрола на секој момент и деталното планирање за секоја непредвидена ситуација

Мирот во животот не доаѓа од поседувањето на сите нешта кои ги посакувате, нити имањето потполна контрола на секој момент и деталното планирање за секоја непредвидена ситуација. За да имате мир во животот не е потребно да ги остварите сите цели, доволно е да имате само една цел за која знаете дека вистински вреди да го насочите сето ваше внимание и напори кон неа.

Мирот доаѓа во оној миг кога ќе почнете да гледате на нештата од друга перспектива, од онаа од која ќе им препуштите на некои од нив да го следат својот природен ден. Опседнатоста со нив нема да ви донесе ништо позитивно, нити постојаното исчекување на нештата да се случат во истиот миг.

Мирот доаѓа кога ќе се ослободите од непотребните мисли кои ве спречуваат да го живеете својот живот на начин на кој сметате дека треба. Мирот доаѓа кога ќе се прифатите себеси и ќе почнете да работите на тоа да станете подобра личност. Мирот доаѓа тогаш кога ќе престанете да се вртите назад и да гледате кој ве следи на вашиот пат, кога ќе престанете да се замарате што другите зборуваат и размислуваат.

Мирот доаѓа кога ќе сфатите дека за да го достигнете не е потребно многу, доволно е е само да го правите она кое ве прави да се чувствувате слободни.

Прегледи:
842
Објавено на:
03.05.2020