Мис Англија за 2019 година, 24-годишната Баша Мукерџи, која што по професија е доктор, ја паузирала нејзината хуманитарна тура низ светот како мисица и се вратила во Англија со цел да им помогне на своите колеги во првите борбени редови против невидливото зло.
„Кога ја обавувате хуманитарната работа како мисица, сепак сите очекуваат да сте со круната на главата, да изгледате убаво… Јас сакав да се вратам дома и директно да отидам на работа”, за CNN вели Баша која кога имала 9 години се преселила во Англија од Калкута, Индија.
„Нема подобро време за мене сега вистински да ја исполнам улогата на Мис Англија и да ѝ помогнам на земјата кога има најголема потреба од тоа”, вели младата докторка.
На мисицата ѝ се јавувале колегите од англиската болница во која работела и ја известувале за тоа колку е тешка ситуацијата во Велика Британија.
Поради тоа, Баша решила да им се јави на шефовите од нејзиното поранешно работно место и побарала да се врати на својата лекарска работа.