Во поновите турски серии кои се прикажуваат во Македонија, сигурно сте забаележале се повеќе се посветува внимание околу изборот на актерите.
Па така, се почесто во сериите улоги имаат и модели и поранешни мисици.
Таков е случајот и во актуелната турска хит серија „Карасевда“, каде улога има мисицата на Турција од 2011 година, Мелиса Асли Памук, која ја има улогата на Асу, асистентка и пријателка на Кемал која е заљубена во него.
Иако нема завршено актерско училиште, таа со својата убавина и талент пред камера, досега доби неколку улоги во филмови.
Родена е 1991 година, а освен турскиот јазик, флуентно зборува англиски и германски.
Извор : Бркајработа.мк