Иако деновите во Белата куќа и се веќе одброени, првата дама на САД со полна пареа го користи преостанатото време за инспиративни говори, посетување на раслични локации и носење на Givеnchy тоалети на свечените приеми. Списанијата InStylе и Essеncе неодамна објавија дека кориците на своите Октомвриски изданија ќе ги краси Мишел Обама.
На насловната страница на InStylе таа се појавува сама облечена во својот омилен американски дизајнер Brandon Maxwеll. Додека на насловната на списанието Essеncе таа позира заедно со својот сопруг. Во продолжение тие го опишуваат животот во палатата во последните осум години, состојбата на нацијата денес и белегот кој се надеваат дека ќе го остават во наследство.
„Првиот пар на Америка” исто така си обезбеди и насловна на списанието Vanity fair за годишното специјализирано издание за „Најдобро облечен пар на годината”.