Мислиш дека некого го познаваш, а потоа сфаќаш дека тоа било само твое мислење и ништо повеќе.
И тука се рушат сите илузии. Луѓето можеш да ги познаваш само онолку колку што тие ти дозволуваат, колку што избираат да бидат искрени спрема тебе затоа што никогаш не знаеш кое лице некој моментално го избрал да го стави и кога ќе го замени со друго. Никогаш не знаеш колку зборовите кои луѓето ги кажуваат вистински ги мислат или тоа е некоја напамет научена улога која се повторува до бескрај.
Немој никогаш да кажеш дека го познаваш некого затоа што само времето ја симнува маската од лицето затоа што луѓето не можат а да не се уморат после некое време, не можат а да не се прашаат што зборувале пред година, месец или вчера затоа што е тешко да се памтат лагите и секогаш да биде уверлив кога се искажува. Само кризата ги отвора длабочините во нас и почнуваме да го откриваме она најтајното, она што сме плашеле да го прикажеме пред светот.
Мислиш дека некого го познаваш, а потоа сфаќаш дека тоа не била вистината. Не си можел да го познаваш затоа што на луѓето им е ризик да бидат она што се. Наоколу оди чопор кој бара искрени, добронамерни и еднсотавни луѓе и се храни со нивната позитива и добрина. Тешко е кога манипулаторот ќе ти се вовлече под кожа, кога ќе засакаш маска а не личност и кога еден ден ќе сфатиш дека не си ја познавал личноста на која си и дал голем дел од животот.
Не брзај да му ја дадеш својата доверба некому и да се врзиш, затоа што животот има чудни начини со текот на времето да ни даде по некое предупредување, ако веќе личноста која влегува во нашиот живот, не сака. Ког амислиш дека некого го познаваш добро, размисли добро дали си поминал со него низ оние заеднички ситуации кои го откриваат карактерот и во кои човек не може да глуми. Ако таа личност го поминала тоа искушение од тест и во тешките мигови покажала приврзаност и грижа со своето однесување, ако ти дала то знаење колку и значиш, тогаш можеби ќе кажеш дека некого го познаваш.