Категории

Мистеријата е „откриена“: Зошто мажите и жените ги соблекуваат маиците различно?

Сте ги забележале малите детали во начинот на кој ги соблекуваме маиците? Жените тоа го прават со зграбување на маицата во долниот дел од торзото, а мажите со повлекување на маицата во пределот на грбот.

Зошто е тоа така? Па корисникот на Tumblr со алијас Jillian даде свое објаснување со кое можеби се разреши „мистеријата“.

Објаснувањето на Jillian е дека машките и женските маици имаат поинаков крој, бидејќи се направени според различна анатомија на телото. Жените имаат доста простор во предниот дел каде што треба да бидат градите, но маиците на жените и поинаку се шиени и во пределот на пазувите. Машките маици од друга страна имаат повеќе простор во пределот на рамената и грбот. Па затоа полесно е да се извадат од нивните тела во пределот каде што има најмногу простор за тоа.

Не се работи за тренд или за посебни техники, туку практичност базирана на самиот начин на кои се направени самите маици.

Прегледи:
438
Објавено на:
26.07.2016