„Кога Земјата ќе падне болна, и кога рибите и животните ќе почнат да умираат, ќе дојде племе од луѓе составено од сите народи, сите вери и бои, и ќе ја преточи својата вера во дела а не само во зборови..“
Во текот на минатиот век, една стара жена од Кри – индијанскиот народ, наречен „Очи на огнот“, имала визија за иднината која денес внесува страво во коските на луѓето ширум светот. Таа предвидела дека еден ден земјата ќе биде потполно опустошена, шумите уништени, птиците ќе паѓаат од небото а човештвото ќе престане да постои. За сето ова, спрема предвидувањето ќе биде виновна човечката алчност.
„Кога Земјата ќе падне болна, и кога рибите и животните ќе почнат да умираат, ќе дојде племе од луѓе составено од сите народи, сите вери и бои, и ќе ја преточи својата вера во дела а не само во зборови. Земјата ќе биде повторно зелена и усогласеноста ќе се врати на нашата планета. Така браќата и сестрите ќе живеат во хармонија со Мајката Земја и ќе зборуваат за љубов. Ќе постојат лекари за сите деца на светот кои ќе ги научат како да живеат како браќа и сестри на оваа Земја. Ќе се нарекуваат „Војниците на Виножитото“, заштитници на природата“ – се наведува во ова пророштво.
Како што се објаснува, „Војниците на Виножитото“ ќе шират пораки и ќе ги учат сите луѓе на овој свет да живеат во согласност со „Начинот на Големиот Дух“. Ќе им кажат како денешниот свет ги оддалечил од Бог и затоа Земјата е „болна“. „Војниците на Виножитото“ ќе им покажат на луѓето дека Големиот Дух е полн со љубов и разбирање и Земјата повторно ќе ја направи убава.
Задачата на „Војниците на Виножитото“ ќе биде голема. Ќе има застрашувачки препреки и ќе наидат на предрасуди и омраза. Тие мораат да бидат верни, не поколебливи во својата сила и снагата на срцето. Тие ќе најдат желни срца и умови кои ќе ги следат на овој пат на враќањето на убавината на „Мајката Земја“.
„Тој ден ќе пристигне, поблиску е отколку што мислиме“ – рекла пророчицата.