Категории

Митови за убавина кои се неточни

Иако често слушаме различни beauty совети кои нема некој кој не ги знае и не ги препорачува, повеќето од нив се апсолутно неточни.

Тонерот за лице е непотребен
Тонерот е препарат со кого треба да започне секоја дневна рутина. Ако вашиот тонер ви создава иритација тогаш огромна е шансата дека не го имате пронајдено вистинскиот кој одговара за вашиот тип на кожа. Избегнувајте тонери кои во составот содржат алкохол и парабени. Користете го пред да ја нанесите вашата шминка и откако ќе ја отстраните. Тој ќе ја хидрира вашата кожа и ќе го одржи нејзиниот природен сјај.

Истите производи можете да ги користите цела година
Не. Кожата се менува во склад со годишните времиња, па затоа во зима произведува помалку себум и секако е потребно да се користат по хидратантни производи отколку во лето.

На масната кожа не и треба хидратација
Неточно. На секоја кожа и е потребна влага, а масната кожа исто така бара посебна нега која вклучува соодветно прилагодена хидратација. Ако имате масна кожа, изберете крема на база на вода и која не содржи масла. На кожата и е потребна нега без разлика на нејзиниот тип.

Доколку ставате вазелин на вашето лице нема да имате брчки
Неточно. Иако овој мит потекнува од славната модна икона Мелин Монро, нема точни докази дека вазелинот ја спречува појавата на брчки. За тоа влијаат многу фактори а пред се е добрата нега на кожата. Најдобро решение е да пронајдете соодветна крема за вашиот тип на кожа и да се држите до рутината, и секако да избегнувате производи кои ја сушат вашата кожа особено во делот околу очите.

Прегледи:
301
Објавено на:
20.04.2017