Категории

Мицеларна вода – најдобриот препарат за чистење на лице

Сигурни сме дека досега сте слушнале за моќта на мицеларната вода и колку таа е благотворна за кожата. Овој производ е еден од најдобро чуваните тајни на французинките за убава кожа кој достигна ненадмината популарност помеѓу препаратите за чистење на лицето.
Предноста во тоа е што таа темелно ја отстранува шминката, нечистотиите и вишокот масен сјај од кожата без дополнително да ја измасти или исуши. Таа се користи така што се капнуваат неколку капки на памучен туфер со кој потоа се поминува целото лице вклучувајќи ги и очите, мицеларната вода одлично ја вади шминкаа од очите без да ја иритира кожата.
Таа исто така идеална за чувствителна кожа склона кон акни,митесери,црвенило и флеки и е погодна за секаков тип на кожа. Денес на пазарот постои широк избор на мицеларни води од различни брендови, а не постои ниту една причина зошто таа да не биде вашиот неизбежен дел од дневната нега на вашето лице.

Прегледи:
754
Објавено на:
22.04.2017