„Кичевска саса“ е насловот на новото македонско оро, компронирано од младиот и талентиран Костадин Крстески.
Костадин на свои 19 години има компонирано, отсвирено и снимено неколку ора, од кои две промовираше на крајот од минатата година, а едното од нив е токму „Кичевска саса“. Во моментов е студент на факултетот за музичка уметност.
– Ја сакам македонската традиција и музика. Сакам се што е поврзано со нашата музика и затоа посебно се радувам и сум горд на секое мое промовирано и прифатено оро од публиката. Минатата година ја завршив со промоција на две мои ора, а во новава најавувам уште многу изненадувања за уживателите на македонскиот мелос, вели младиот Костадин.
Од новитетите кои и самиот музичар ги најавува, засега сигурни се уште неколку нови проекти, меѓу кои и албум, каде на едно место ќе бидат сместени сите досегашни снимени материјали на овој млад музичар.