Категории

Младоста на Кејт Мос повторно оживеана преку новиот парфем на Calvin Klein

Кога во 1993 година, 18-годишната Кејт Мос се појави во кампањата на новиот парфем нa Calvin Klein беше јасно дека се работи за хит кој ќе ги освои сите срца. Кампањата снимена на плажа стана иконска а Obsession се претвори во култен мирис. Камчањата снимена под фотографската палка на Марио Соренти беше сосема спонтана без никакви подготовки околу шминка и фризура, се присети тој. “Бевме млади и неолтеретени..”

Токму сега за лансирањето на новиот парфем Obsessed брендот одлучи да искористи снимки од младата Кејт кои досега никаде не биле видени враќајќи ги своите обожаватели во минатото низ носталгичните пејсажи..

 

Прегледи:
248
Објавено на:
27.06.2017