Категории

Млеко со помала или со поголема масленост? Кое млеко најмногу ви одговара според вашите навики?

Познавате ли некој што не консумира млеко? Веројатно одговорот е „не“. Храната ја делиме на четири главни групи, а токму групата „млеко и производи од млеко“ се наоѓа на врвот од нутритивната пирамида, па така, млекото претставува неизоставен дел од здравата исхрана на човекот.

Сепак, на пазарот среќаваме различни видови млеко, и тоа, овде не станува збор за различни брендови, туку за различни видови млечна маст, па сигурно сте се запрашале што всушност значи тоа и кое млеко е најсоодветно за вас или за вашето семејство?

Во секој случај, без оглед на тоа каков стил негувате, кои се вашите навики во исхраната, но и општо, кои се вашите преференции и вкусови, за секого има понешто, но пред да објасниме, се чини неопходно, пред сè, да ја профилираме публиката. Сигурно и вие ќе се пронајдете во еден од овие профили, па на тој начин и ќе ви олесниме кое млеко најмногу ви одговара. Согласно спроведената мини анкета, може да препознаеме неколку профили:

За целото семејство

Доколку, да речеме, не купувате млеко само за вас, туку за целото семејство, односно, да речеме дека сте задолжени за главното пазарување во домот, не заборавајте дека млекото игра важна улога во здравата исхрана, и тоа, во севкупниот контекст на исхраната и во внесувањето хранливи материи и калории. Затоа, стандардното трајно млеко со 3,2 % млечна маст е идеален избор за целото семејство и претставува дневна доза здравје за вашите деца.

За секојдневна употреба

Доколку сте од оние што водат мошне динамичен живот, ве притискаат обврските и брзото темпо на модерното живеење или едноставно немате премногу време да водите посебен режим на исхрана, но истовремено го сакате полниот богат вкус на млекото, за вас најсоодветно е млекото со 2,8 % млечна маст. Го има истиот богат вкус, но масленоста е редуцирана, така што е совршен спој на здравје, квалитет и, секако – вашата природа.

За љубителите на богат вкус

За оние што инсистираат на полн вкус, висока масленост и се вистински пасионирани гурмани, млекото со зголемена млечна маст од 3,5 % ќе ги задоволи и најпребирливите љубители на млекото. Одлично е како состојка во слатки рецепти поради својата богата структура, а и му дава побогат вкус на кафето, така што доколку не сте од оние што внимателно ги бројат калориите, туку за вас најважниот критериум е да уживате во вкусот, без сомнение, нема да згрешите доколку го изберете млекото со 3,5 % масленост.

За лесен режим на исхрана

Спротивно на ова, сепак, постојат и луѓе на кои им се важни калориите и внесувањето масти во исхраната. Но, и за нив има решение. Според тоа, постои и млеко со 1,5 % млечна маст што претставува одличен баланс помеѓу внесувањето на сите хранливи состојки од млекото, кои се целосно задржани, и намаленото внесување масти.

Доколку, пак, одите и еден чекор натаму, и не само што внимавате на внесувањето масти, туку исклучително важна ви е и ниската вредност на калориите и сте од оние што внимаваат на својот изглед и се физички активни, тогаш за вас е млекото со само 0,9 % млечна маст, кое го нарекуваат и „light“ или нискомаслено млеко. Ова млеко е, всушност, за лица што преферираат полесен режим на исхрана, но не заборавајте: и тоа ги содржи истите есенцијални хранливи вредности како и сите други млека.

Во секој случај, важно е да знаете дека сите видови млеко, независно дали се со ниска или со висока масленост, природно се богати со хранливи материи и се категоризираат во здрава исхрана. Всушност, секое кравјо млеко ги содржи истите есенцијални хранливи вредности, вклучувајќи калциум, витамин Д, калиум, витамин Б-12 и витамин А, а сите млечни производи природно содржат и млечни протеини што помагаат во градењето цврста мускулна маса.

Па така, нема да згрешите при изборот на кое било млеко. Разликата е единствено во вашите преференции. А, какви и да се тие, и за вас постои совршен избор.

Погледнете во видеото што одговорија и потрошувачите во улична анкета и пронајдете кој профил ви одговара.

Еве дел од спроведената анкета:

Прегледи:
690
Објавено на:
23.07.2019