Категории

МНОГУ ГЛУМИМЕ, А МАЛКУ ЖИВЕЕМЕ!

Во животот поважно е да бидеш среќна, отколку вљубена. Се е пролазно. Туѓото срце побргу се празни.

Ќе те повредат, па потоа ќе глумат повредени. Луѓето не напуштаат. Знаеш зошто? Затоа што премногу глумат.

Симните ги тие маски, зарем не ви здосади од лажни насмевки, лажни пријатели? Животот продолжува!

Сите сакаме нешто трајно, нешто што ќе трае засекогаш или некоја личност што ќе остане со нас во добри и лоши моменти.

Мило мое, се што е направено без труд, брзо го губи сјајот.

Бидите свои. Не дозволувајте една личност да ви го наруши прекрасниот ден.

Отворите им ја вратата за тие што знаат да го ценат тоа што го правете за нив, а другите исто како да не постојат.

Не верувајте им на сите, секој би ве продал за грош.

Тешко човек се откажува од своите навики, а уште потешко од оние кои залудно се измачува кога постојат стотици причини да се откаже.

Не ги проценувајте луѓето според материјалните средства.

Нема да живеете со убавината и парите на човекот, туку со неговиот карактер.

МНОГУ глумиме, а МАЛКУ живееме.

Т.Митева

Прегледи:
563
Објавено на:
08.02.2016