Категории

Многу нешта во нашиот живот ќе се повторуваат, се додека не нѐ научат на важна лекција

Често се прашуваме зошто во животот многу пати ги повторуваме истите грешки

Нешто ве повредило, но повторно сте го повториле истото нешто. Некој ве одбил, а вие повторно сте запнале за истата личност. Некој ве повредил а вие повторно сте продолжиле да го градите истиот однос како ништо да не се случило. Можеби сте си ветиле и на себеси дека оваа грешка ќе ви биде опомена за во иднина да реагирате поинаку во животот, но се што останало се само зборовите. Уште колку пати треба да го повторите истото и зошто?

Можеби одговорот е сосема едноставен: Нештата ги повторуваме се додека не ја научиме лекцијата која мораме да ја знаеме. Иако мислиме дека после направената грешка животот станува јасен, всушност не се променило многу. Можеби сеуште не сме созреале доволно емоционално за вистинската промена. Можеби духовно сеуште сме на самиот почеток па грешките ги повторуваме се додека не го откриеме вистинското значење на нештата и позадината која се наоѓа позади се.

Многу нешта во нашиот живот ќе се повторуваат затоа што не сме станале доволно одговорни за да стои позади своите одлуки и да не ги променуваме во секој миг. Ги повторуваме истите грешки затоа што не сме научи на трпеливост, не сме научиле како да бидеме подобри од вчера и ставовите не се како блуза која ќе ја соблечеме и промениме.

Многу нешта во нашиот живот се повторуваат затоа што не сме ги сфатиле затоа и затоа што треба да ставиме крај на тоа некој друг да го пишува сценариото на нашиот живот, туку самите ние.

Прегледи:
448
Објавено на:
10.01.2020