Категории

Моден додаток кој никогаш не излегува од мода, а оваа зима е особено популарен! (ФОТО)

Може да го носите со капут, фустани, панталони и апсолутно на сѐ.

Доколку планирате да го збогатите својот стил со некој впечатлив моден додаток, модните критичари предлагаат тоа да биде кожен каиш. Кожниот каиш е еден од модните додатоци кои ќе ја подигнат секоја комбинација на повисоко ниво. Се носи со најобични фармерки, здолништа, фустани, а важно е само да биде впечатлив и убаво се вклопува со остатокот од вашиот стајлинг.

Од овој моден детал не се одвојуваат ни Дакота Џонсон или Алекс Чанг, па ви предлагаме да го искористите на повеќе начини.

Прегледи:
522
Објавено на:
27.12.2018