Категории

Моден фаворит на сезоната: Овој модел на блуза е клучно парче за да постигнете гламурозен стајлинг! (ФОТО)

Ова парче ќе му даде на секој стајлинг допир на елеганција

Пред неколку години, блузите со машни беа огромен хит, а судејќи според фотографиите на модните експерти и трендсетерките што можеме да ги видиме во последните неколку дена, тие се вратија на голема врата.

Овој модел на блуза се заканува дека ќе стане водечки тренд на годината. Ако барате парче во кое ќе изгледате скапо и гламурозно, престанете да пребарувате. Само еден детал ќе ви даде сè што ви е потребно.

Можат да се носат во најразлични прилики, така што сигурно нема да зажалите ако го израдувате плакарот со ова парче облека. Одлично се вклопува во деловните стајлинзи, но и со комбинациите за излегување.

Машните ќе бидат водечки моден детал, па ќе можеме да ги видиме и на фустани. Ќе признаете дека изгледаат многу интересно.

Прегледи:
345
Објавено на:
17.01.2020