Оваа година ќе биде запаметена во знакот на реинкарнираните трендови од ’90-тите. После чокерите и таканаречените slip фустани, се врати и еден од најобожаваните трендови помеѓу модните икони како Наоми Кампбел и легендарната „Кери Бредшо“, се работи за комбинацијата од класичен фустан на прерамки врз маица. Овој шик edgy стил беше исто така забележан и во пролетните колекции на модните брендови како Emilio Pucci,Valentino, и бројни други. Оваа комбинација е совршен спој од класичниот и забавен ретро тренд, која одлично се вклпопува во секојдневниот кежуал па и деловен изглед.