Категории

Модерни амазонки дефилираа на ревијата на Elie Saab

Гламур во ‘џунгла’ стил им приреди либанскиот дизајнер на своите обожаватели претставувајќи ја колекцијата за пролетната сезона 2018 година. Elie Saab овој пат се инспирира од Амазонија и сето тоа го преточи во стилска уметност од раскошни тоалети со сензуални деколтеа, шлицови и отвори, но остави и нешто за секојдневието како лежерни сакоа и дводелни костими во кежуал варијанти.

Тој не изостави да го внесе и својот препознатлив луксуз и елеганција преку малите детали на своите креации како што се бисерните огрлици, чипканите детали и женствените аксесоари како ташни, очила за сонце и колани.

Прегледи:
354
Објавено на:
01.10.2017