Секое работно место нема одреден кодекс на облекување, но секако работната облека покрај тоа што треба да изгледа професионално мора да е и модерна и софистицирана. Секако дека постојат одредени класични правила кои треба да се почитуваат, но некои работни места отстапуваат од строгите канцеларискии правила, најбитно е облеката да не изгледа нападно, и да открива премногу..
Како се облекувате на работа игра голема улога во тоа како вашата кариера ќе напредува, а и тоа како ќе се чувствувате додека ги извршувате вашите работни обврски. Затоа за вас издвоивме неколку комбинации кои ќе ви помогнат околу тоа како да изгледате модерно на работа.