Почетокот на модната недела измина во знакот на Кајне Вест претставувајќи ја новата колекција за 2017 година насловена како Yeezy Season 4.
Шоуто беше проследено со многу контроверзија како и што се очекуваше, од неколку часовното доцнење на самиот дизајнер и кланот Кардашијан, до онесвестување на моделите на пистата и чекорење во скршени потпетици. Сето ова предизвика бурни реакции и критики кај модните репортери и портали кои упатија остри коментари кон Кајне. Исто така бурни реакции предизвика и кастингот за моделите кој наложуваше пријавување само на модели од мешана раса. И за крај она што сите нестрпливо го очекуваа – самата колекција која ни малку не го задоволи жеддта бидејќи беше прогласена за веќе видена, или како што некои кажаа „Кајне се копираше самиот себе“ – поголемиот дел од парчињата беа веќе видени во неговите претходни колекции. Раперот го избра Паркот на слободата на Френклин Рузвелт како локација на шоуто.
На модното шоу присуствуваа бројни модни имиња меѓу кои и поранешната уредничка на Voquе – Ана Винтур која е и главниот поддржувач на Кајне.
И покрај се, новата колекција во знакот на nudе нијансите, високите чизми над колена и dustiеr јакните е една од најпобаруваните, а секако парчињата прва ги облече неговата сопруга Ким, и сестрите Џенер.