Категории

Модна лекција на Викторија Бекам: Вака се комбинира зимски капут и салонки!

По музичката кариера во омилениот женски бенд Спајс Грлс, Викторија Бекам стана една од најценетите британски дизајнерки чии креации ги обожаваат модните зависници.

Викторија Бекам во секоја пригода изгледа како да се симнала од модна писта, а нејзините минималистички комбинации се секогаш со многу вкус.

Сопругата на Дејвид Бекам повторно докажа дека модните лекции ги совладала со најдобри оценки. Таа го искомбинирала својот капут од колекцијата која самата ја креираше со кожни панталони и необични бели потпетици исто така со потпис на Викторија. Дополнителен впечаток оставиле големите очила и џемперот на пруги.