Категории

Модната куќа Дона Каран ја отвори дебитната линија на паметни часовници

Aмериканската модна куќа Дона Каран, следејќи ги чекорите на големите брендови како Armani, Diesel и Mischel Kors, ја започна својата дебитна линија на паметни часовници, а главното лице на кампањата е Емили Ратајковски.

DKNY Мinute се поврзуваат со паметните телефони преку Bluetooth и специјални апликации преку кои може да се следат активностите од тренингот, известувања, да се контролира музика, да фотографира и да следи времето кое личноста го поминува во спиење.

Можете да изберете помеѓу сребрени, златни и розеви златни часовни како и помеѓу силиконски или кожни ремчиња во црно-бела боја.

Часовниците се достапни по цена од 155 до 175 долари

Прегледи:
397
Објавено на:
14.11.2017