Категории

Модни совети како да изгледате „скапо“

Ако мислите дека за тоа ви е потребна дизајнерска облека и скапи парчиња, се лажете! Ние ви откриваме во што се крие тајната

Постојат модни трикови кои трендсетерите и познавачите на модата добро ги знаат и ги применуваат и успеваат да изгледаат софистицирано и „скапо“ во парчиња кои не го рушат личниот буџер. Најчесто тајната е во вистинскиот избор на материјали, модел и изглед на парчињата и начинот на нивното стилизирање.

1.Беспрекорен изглед на облеката


Најлесниот начин да изгледате „скапо“ е да се грижите за вашата облека најмногу што можете. Таа треба да изгледа беспрекорно, без дамки, да не е гужвана и да е секогаш добро испеглана и чиста. Не постои ништо што изгледа по луксузно од тоа, затоа инвестирајте во добра пегла за алишта.

2.Еднобојни комбинации


Ништо не вришти „скапо“ повеќе од еднобоен аутфит од глава до пети. Внимавајте на деталите и нека тие бидат минимални и дискретни. Белата и крем боја се вистински избор кој дава изглед дека вашите парчиња се скапи и лускузни дури и кога не се.

3.Високи потпетици

Клучот во луксузниот изглед се високите потпетици. Не само што му даваат софистицираност на целокупниот изглед, туку и прават да изгледате повисоки и автоматски вашиот стајлинг ви стои подобро.

4.Никогаш не носете полиестер
 

Бирајте парчиња од памук и свила. Инвестирајте во материјали кои не избледуваат во текот на перењето и не се гужваат. Таквите парчиња изгледаат како да се работи за дизајнерски високобуџетни парчиња.

5.Аксесоари


Кога се во прашање модните додатоци, тука морате да внимавате. Немојте да носите се одеднаш и нека тоа што го носите биде дискретно. Колку поголем, повпечатлив, и во различни бои е накитот, тоа повеќе ќе изгледа како да се работи за нешто неквалитетно и кич. Внимавајте да избирате минималистички парчиња во златна или сребрена боја со дискретни камчиња и дијаманти кои и да не се вистински ќе изгледаат како да се.
Експериментирајте со марами, колани, ракавици и големи шапки. Внимавајте да ги избегнувате оние со логоа и натписи.

6.Долги палта

Добро кроеното долго палто чија должина достигнува речиси до петиците секогаш изгледа луксузно и „скапо“ и кога го комбинирате со едноставни класични парчиња. Инвестирајте во добро палто, trench палтата се класика.

7.Не носете огромни ташни

Малите дискретни ташни се сметаат за симбол на статусот во многу модни метрополи. Забележете дека сите познати личности најчесто носат минијатурни ташни во кои може да собере само кармин и кредитна картичка.

Прегледи:
671
Објавено на:
26.11.2019