Категории

MОДНИ СОВЕТИ ЗА ПОГОЛЕМ ЗАДНИК

Секоја жена, без разлика на годините и формата на телото сака некако да го подобри својот изглед. Жените кои се со помали облини не се исклучок. Знаеме дека она што најдобро го обликува задникот е вежбање, но понекогаш и облеката може да го стори тоа за вас.

Потенцирајте ја половината

За да направите вашиот задник да изгледа неверојатно изберете облека која ја потенцира вашата половина. Колку помало изгледа половината, толку поголем ќе изгледа задникот. Подобро е да избегнувате широки блузи без форма кои ќе ја кријат половината.

q2

Ставете акцент на нозете

Едно од најважните модни правила гласи вака: доколку сакате задникот да изгледа поголемо не ги кријте вашите убави нозе. Одберете тесна, прилепена сукња наместо широка и без форма.

q3

Одберете молив сукњи

Отако Кристиан Диор ја креираше првата молив сукња, ова парче облека стана задолжително за сечиј женски плакар. Успешно ги нагласува облините на телото и може да направи вашиот задник да изгледа неверојатно.

q4

Спријателете се хоризонталните пруги

Фустани и сукњи со хоризонтални пруги се создадени за д го направат телото да изгледа поженствено и поелегантно. Ваквиот дизајн визуелно ги зголемува колковите и го прави вашиот задник позаоблен.

q5

Комбинирајте краток топ со шорцеви или сукња

Краткиот топ одлично ја потенцира половината а тексас панталончињата го обликуваат задникот. Лабава кратка сукњичка оди одлично во комбинација со краток топ со што ќе ја добиете посакуваната форма на телото наречена песочен часовник.

q6

Одберете растегливи материјали

Фустани, сукњи или пак фармерки направени од растеглив материјал (на пример ликра) ќе се прилепат за вашето тело и ќе ви ги истакнат облините. Во исто време ќе го стегнат вашиот задник, а одлично одат во комбинација со штикли или пак сандали.

q7

Прегледи:
1028
Објавено на:
26.07.2016