Категории

Модно непогрешливата војвотка Кејт Мидлтон

Војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон се појави на премиерата на мјузиклот ’42nd Street’ каде повторно ги украде сите погледи на присутните и измами воздишки и воодушевување. Секое нејзино јавно појавување предизвикува поплава од новинари и неверојатно бурен интерес кај јавноста, а со оглед на тоа што таа не знае за модна грешка, исто така будно ја следат и модните критичари. Секогаш доследна на својот беспрекорен стил, овој пат Кејт избра елегантна тоалета во темно црвена боја со потписот на славниот Gianvito Rossi, од дизајнерската куќа Marchesa која важи за една од нејзините омилени брендови.



Прегледи:
299
Објавено на:
16.04.2017