Категории

Модното „ремек дело“ на Gucci кое ги надмина сите очекувања

Gucci повторно испиша модна историја со најновата ревија за која уште долго ќе се зборува. Alessandro Michele повторно успеа да се надмине самиот себеси. Креативниот директор на култната модна куќа Gucci, во склоп на модната недела во Милано ја претстави најновата колекција насловена како ‘The Alchemist’s Garden‘ која предизвика огромен интерес кај онлајн заедниците, поради која фановите од првите редови успеаа веднаш да ја откријат. Сатурирани нијанси, богатство од текстури и принтови, детали кои магепсуваат и тераат на будно сонувањето се се она што ја направи ова колекција толку волшебна и неповторлива. Уште еден доказ дека модата повторно живее!

Прегледи:
708
Објавено на:
23.02.2017