Категории

Модното студио Црнокрак се закити со нови победи

На изборот за убавина на деца и тинејџери Little Miss&Mister Planet којшто се одржа овој викенд во Бугарија, модното студио Црнокрак се закити со нови победи.

Имено, 11-годишната Нина Црнокрак победи во конкуренцијата на Little Miss Planet, додека во конкуренцијата од 15 до 18 години, нашата држава ја претставуваа сестрите Дебора и Лаура Стефанови со 15 и 17 години.

Претставничката Дебора се закити со титулата Прва придружничка, а сестрата Лура со Мис талент.

Сите три претставнички се дел од Црнокрак, модното студио коешто поседува лиценца за Македонија за овој интернационален избор за убавина.

Инаку во жири-комисијата се најде и Светлана Црнокрак. Трите претставнички во финалето се претставија со модели на Јасмина Дракул.

Прегледи:
346
Објавено на:
20.06.2023