Категории

МОХИТО СО ЛУБЕНИЦА

Лето е, топло е, а вие сè уште не можете да се привикнете на високите температури? Еве одличен начин за освежување за вас и за вашите пријатели. Мохитото со лубеница е лесно за подготовка, не одзема многу време, а дефинитивно има освежителен ефект. Викнете ги пријателите и уживајте!

Состојки

  • лубеница
  • нане
  • бел рум
  • кафеав шеќер
  • обичен сируп за коктели
  • лимета
  • мраз

Начин на подготовка

Лиметата исечете ја на помали парчиња и ставете во бокал, потоа додадете кафеав шеќер и нане. Толчете со толчник се додека лиметата не пушти сок и шеќерот не се стопи. Лубеницата исечете ја на помали парчиња и ставете ја во блендер и мешајте. Потоа додадете ја во бокалот, ставете бел рум и обичен сируп и мешајте ги сите состојки заедно. Во чаша ставете коцки мраз или дробен мраз, а потоа ставете од мохито смесата. Декорирајте со ливчиња нане или парченца лубеница.

Прегледи:
470
Објавено на:
15.07.2016