Категории

МОЈ ЖИВОТ – МОИ ПРАВИЛА

Во животот се важни три нешта – Да сакаш, да имаш храброст и да имаш трпение.

Првиот совет е во најдобрите нешта – Каде и да се наоѓаш, потруди се таму да бидеш со сето свое срце. Најдобрите нешта им се случуваат на луѓето кога најмалку се надеваат.

Другиот совет се однесува на победувањето – Ако сакаш да победиш, мораш да бидеш потполно подготвен да работиш многу. И со малку среќа сигурно ќе успееш. Се останато се само лоши изговори.

Третиот совет е за трпението – Биди трепелив во периодот кога твојот живот не е на твоја страна. Понекогаш ќе се чувствуваш беспомошно, како бубачка која за миг може да се најде смачкана на ветробранското стаклото, а понекогаш ќе се чувствуваш моќно како ветробранското стакло.

Четвртиот совет е рецептот за креативност – Дозволи му на детето во тебе да преживее дури и кога ќе стигнеш во зрелите години. Биди љубопитен како детето затоа што таквите луѓе ги собираат најинтересните животни приказни кои ќе ги прераскажуваат подоцна.

Петтиот совет е за убавината – Препушти се на истражувачката мотивација во тебе и искористи ја секоја прилика да уживаш во пејсажите кои ќе ти го одземат здивот. На крајот на животниот пат тоа е единственото најважно нешто.

Шестиот совет е за љубовта – Не можеш да искусиш вистинска љубов ако не си подготвен да ризикуваш и да кажеш што чувствуваш. Ризикувај, секогаш ризикувај во љубовта дури и ако те одбијат.

Прегледи:
1075
Објавено на:
02.03.2020