Категории

Моќна прва дама – Меланија Трамп во стајлинг за кој сите зборуваат

Првото појавување во јавност откако на претседателскиот пар на САД му беше дијагностициран коронавирус и се наоѓаше во изолација, беше испратено со огромно внимание, особено стајлингот кој првата дама Меланија Трамп го носеше.

Во Америка синоќа беше одржана третата и последна дебата помеѓу најголемите фаворити во трката за претседател на Соединетите Американски Држави – Џоа Бајден (77) и Доналд Трамп (74).

Ова воедно беше и првото појавување во јавност на Меланија Трамп откако беше објавено дека првата дама е позитивна на коронавирусот.

Сопругата на Трамп за оваа прилика избра доста моќен стајлинг од смокинг-фустан во потполност црн модел на Dior со предимензионирани ревери и без ракави и тенок каиш кој го нагласува струкот. По завршувањето таа беше забележана како носи комплет модел на долга наметка-капут од истиот бренд.
Кога се во прашање обувките, таа го избра својот омилен модел на црни салонки So Kate од нејзиниот омилен бренд Christian Louboutin.

Прегледи:
610
Објавено на:
26.10.2020