Категории

Моќната деловна жена претставена низ креациите на Викторија Бекам

Викторија Бекам уште еднаш му покажа на модниот свет зошто ја носи титулата модна икона преку својата нова колекција посветена на моќната деловна жена. Со секоја своја нова креација, кругот на обожаватели се повеќе расте што може да докаже дека поранешната „Спајсица“ ќе го запише својот бренд во историјата на модата.
Таа овој пат се одлучи да направи чекор напред во својата работа задржувајќи се на својата препознатлива силуета која ја диктира современата силна жена. Викторија секогаш во прв план ја става женската цврстина во која телото не е сретство за постигнување на цели. Преку своите најнови парчиња наменети за сезоната есен-зима, таа ја отелотвори моќната деловна жена која обожава машки парчиња и кроеви, но ги комбинира со женствени модни додатоци. Во фокусот се блејзери кои таа ги комбинира со разни парчиња од колекцијата како кошули и здолништа.

Прегледи:
539
Објавено на:
15.02.2017