Категории

Моќно, нема што!

Колку и да се моќни камионите на Volvo Trucks, помоќно е ова промотивно видео за автоматизираниот I-Shift менувач, со кој моделот FH16 750 повлекува товар од 750 тони! Комбинацијата од влечниот воз е долга 300 метри и составена од 40 контејнери исполнети со резервни делови. Возењето траеше само 100 метри со брзина од 0,5 километри на час, податок кој всушност ја претставува вистинската употребна вредност на новиот I-Shift менувач со додадени степени на пренос за бавно возење.

Прегледи:
599
Објавено на:
16.04.2016