Категории

Молитвата на Малиот Принц која секој мора да ја знае во тешки и мрачни времиња

Некој еднаш рекол дека во животот прочитал само една книга и после неа смета дека тоа е сосема доволно. Прочитаната книга се вика „Малиот Принц“.

„Човек гледа добро само со срцето, суштината не може да се согледа со очите“, Егзипери напиша во својата бајка за возрасни, зборувајќи за темите како што е љубовта, верноста, разбирањето и почитта.

Антоан де Сент Егзипери бил роден во 1900 во Лион и бил вљубеник во височината и фантазијата. Оставил низа романи за пилотите („Јужна поштенска служба“, „Ноќен лет“, „Земјата на луѓето“, „Воен пилот“), романот „Тврдина“, но секогаш останал запаметен по „Малиот принц“ во кој на едноставен начин проповеда за разбирањето, толеранцијата и етичноста во односите со светот, нагласувајќи ја верата и моќта на преобразбата на човекот.

Бил пилот и настрадал како пилот на 31 јули 1944 година кога германците го собориле неговиот авион на Медитеранот.

Исчезнал во борбената мисија како пилот-извидник на сојузничките сили во Втората светска војна, а остатоците од неговото летало биле пронајдени дури во 2000 година во близина на островот Рио кај Марсеј, а од дното на морето биле извлечено во 2003 година.

Серискиот број на пилотската кабина ја потврдил автентичноста на останките која сега се наоѓа во музејот Боржуа во Париз.

„Да знаев дека во тој авион беше Сент Егзипери, никогаш немаше да го срушам. Не целев кон принцот“, изјави германскиот пилот Хорст Риперт.

Детството на Антоан де Сент Егзипери било тешко – останал без татко кога имал само четири години а на 17 години го изгубил помладиот и единствен брат Франсоа, а имал уште три сестри од кои една умрела пред Втората светска војна.

Во еден од најтешките периоди на својот живот, кога загубата на најсаканите го скршила, болестите и воениот виор пакостеле наоколу, напишал молитва која денес сите ние треба да ја повторуваме кога ни е тешко:

„Господе, јас не молам нити за чудо нити за привидение, туку за сила во секојдневието. Научи ме на уметноста на малите чекори.
Научи ме на внимание и снаодливост, за во разноликоста на секојдневниот живот да се задржувам на откритијата и искуствата кои ме возбудуваат.
Научи ме правилно да располагам со времето на својот живот. Подари ми добар подарок да разликувам примарно од секундарно.
Да молам за сила и воздржаност на мерка, за во животот да не брзам и да се слизнам, туку разумно да го планирам денот. Да можам да видам врвови и пространства и дури понекогаш и понекогаш да пронајдам време да уживам во уметноста.
Помогни ми да сфатам дека илузиите не се од помош. Ни сеќавање за минатото, нити соништа за иднината. Помогни ми да бидам тука и сега, и да го прифатам овој миг како најважен.
Спаси ме од наивното уверување дека се во мојот живот треба да биде едноставно.
Подари ми јасно спознавање дека тешкотиите, поразите, падовите и неуспесите се смао природен и составен дел од животот, благодарение на кои растеме и созреваме.
Потсетувај ме дека срцето често се буни со причина.
Испрати ми некој во вистинскиот миг кога има храброст да ми ја каже вистината, но и да ми ја каже со љубов.
Знам дека многу проблеми се решаваат ако не се направи ништо, затоа научи ме на трпение.
Ти знаеш колку е силна мојата потреба за пријателство. Дај ми барем да бидам достоен на тој најубав и најнежен дар од судбината.
Дај ми богата фантазија, за во дадено време и даден миг, на вистинско место, во тишина или зборувајќи, некому да му ја подарам неопходната топлина.
Направи од мене човек кој знае да допре до оние кои се вистински на дното.
Спаси ме од стравот дека нешто ќе пропуштам во животот. Не давај ми го она кое го сакам туку она кое вистински ми е потребно.
Научи ме на уметноста на малите чекори.“

Прегледи:
1060
Објавено на:
01.11.2020