Категории

Мостот на братството – Поучна приказна

Мудра приказна со длабока поука за братската љубов

Си биле еднаш двајца браќа кои живееле еден покрај друг. Двата поседувале своја сопствена фарма, но еднаш многу лошо се скарале. Тоа била прва сериозна кавга во четириесет години во кои живееле сложно еден покрај друг, делејќи ги своите алати и помагајќи си еден на друг.

Тогаш нивната слога завршила. Се почнало од мало недоразбирање кое довело до голема расправија и многу груби зборови кои си ги упатиле еден на друг поради кои следеле недели поминати во меѓусебен молк.

Еднаш, некој зачукал на вратата на постариот брат. Кога ја отворил вратата, пред неа забележал човек со столарски алат. „Барам работа“, рекол човекот. „Можеби овде на твојата фарма може да се пронајде некоја работа за мене?“
„Да“, рекол стариот брат. „Знам што би можел да направиш за мене. Ја гледаш ли онаа куќа од другата страна на потокот? Тука живее мојот комшија, всушност, мојот помлад брат. Пред некое време тука имаше ливада, но тој копаше од реката до тука и сега помеѓу нас има поток. Тоа го направи само за да ми напакости, но јас ќе му вратам. Сакам да направиш ограда од два метри за повеќе да не го гледам нити него нити неговата куќа.“
Столарот одговорил: „Се ми е јасно. Дај ми чекан и шајќи и се ќе направам како што велиш.“
Стариот брат му дал се што му е потребно на столарот и заминал до градот по свои обврски.
Столарот цел ден работел, мерел, тестирал..
Кога паднал мракот, стариот брат се вратил а столарот ја завршил работата. Кога видел, бил запрепастен.
Воопшто немало ограда. Тој направил мост кој ги спојувал двата брегови на потокот. Тоа бил преубав мост а од другата страна му се приближил неговиот помлад брат со широко раширени раце.

„Навистина си прекрасен човек што направи мост и после се што ти кажав и направив.“ – рекол помладиот брат.

Браќата стоеле секој на едната страна од мостот, полека си тргнале во пресрет доаѓајќи на средината на мостот.
Тогаш столарот почнал да ги собира своите работи а стариот брат му довикал „Еј почекај. Остани уште некое време кај нас, има уште многу работи кои би можел да ги направиш.“
„Многу радо,“ рекол столарот „но морам да направам уште многу мостови.“

Прегледи:
679
Објавено на:
25.02.2020